# Сојузен натпревар 1980 ## Седмо одделение 1. Во земјата Недојдија покрај другите банкноти има банкноти од 15 и 20 денари. Венди отишла да пазари и имала само банкноти од 15 и 20 денари. Петтина од парите ги потрошила за појадок кој го платила со точно две банкноти, а половина од парите кои и останале ги потрошила во месарницата каде што дала точно три банкноти. Колку пари имала Венди кога тргнала од дома? Решение. За појадок Венди потрошила 2 банкноти, т.е. 30 денари или 45 денари или 60 денари, а тоа е петтина од сите пари. Според условот на задачата за преостанатите дневни потреби дала два пати повеќе пари, т.е. 60 денари или 90 денари или 120 денари. Овој износ го платила со 3 банкноти, па затоа тој не може да биде поголем од 60 денари. Според тоа, Венди вкупно потрошила $30+60=90$ енари, што е три петтини од 150 денари. Конечно, кога Венди тргнала од дома таа имала 150 денари. 2. Реалните броеви $a, b, c, d$ го задоволуваат условот $$ a^{2}+d^{2}-2\left(a b+b c+c d-b^{2}-c^{2}\right)=0 $$ Докажи дека $a=b=c=d$. Решение. Дадениот услов е еквивалентен на условот $$ (a-b)^{2}+(b-c)^{2}+(c-d)^{2}=0 $$ Значи, збир на три ненегативни броја е еднаков на нула, па затоа овие броеви мора да се еднакви на нула. Конечно, од $a-b=0, b-c=0$ и $c-d=0$ следува $a=b=c=d$. 3. Докажи дека производот на два последователни цели броја е делив со 12, ако поголемиот од броевите е квадрат на некој природен број. Решение. Ако поголемиот број е $k^{2}$, тогаш помалиот број е $k^{2}-1$ и нивниот производ е $k^{2}\left(k^{2}-1\right)=(k-1) k(k+1) k$. Првите три множители се три последователни природни броја, па затоа нивниот производ е делив со 3 . Ако $k$ е непарен број тогаш $k-1$ и $k+1$ се парни броеви, па затоа призводот е делив со 4 . Ако $k$ е парен број, тогаш е јасно дека производот е делив со 4 . Конечно, од $\mathrm{NZD}(3,4)=1$ следува дека разгледуваниот производ е делив со $3 \cdot 4=12$. 4. Даден е четириаголник $A B C D$. Нека $M, N, P, Q, R, S$ се редоследно средините на отсечките $A B, B C, C D, D A, A C, B D$. Докажи дека правите $M P, N Q, R S$ се сечат во една точка. Решение. Во триаголникот $A B C$ отсечката $M N$ е средна линија, па таа е паралелна и еднаква на половина на страната $A C$. Понатаму, во триаголникот $A C D$ отсечката $P Q$ е средна линија, па таа е паралелна и еднаква на половина на страната $A C$. Според тоа, отсечките $M N$ и $P Q$ се паралелни и еднакви, па затоа ![](https://cdn.mathpix.com/cropped/2024_06_05_fcce00877a1c83df80a0g-2.jpg?height=403&width=430&top_left_y=594&top_left_x=1049) четириаголникот $M N P Q$ е паралелограм и неговите дијагонали се половат. Сега, разгледувајќе ги триаголниците $A B D$ и $A C D$ на потполно аналоген начин се докажува дека $M R$ и $P S$ се паралелни и еднакви меѓу себе. Значи, четириаголникот MSPR е паралелограм и неговите дијагонали $M P$ и $R S$ се половат. Конечно, од претходните разгледувања следува дека $M P, N Q, R S$ се сечат во една точка. 5. Дадени се права $p$ и точки $A$ и $B$ кои не лежат на $p$ и се на иста страна од $p$. Нека точката $C$ е симетрична на точката $A$ во однос на правата $p$. Правите $p$ и $B C$ се сечат во точката $D$. Нека $E$ е произволна точка од $p$ различна од $D$. Докажи дека периметарот на триаголникот $A B D$ е помал од периметарот на триаголникот $A B E$. Решение. Точките $A$ и $C$ се симетрични во однос на правата $p$, па затоа $A D=C D$ и $A E=C E$. Точката $D$ припаѓа на отсечката $B C$, па затоа периметарот на триаголникот $A B D$ е еднаков на $$ \begin{aligned} A B+B D+A D & =A B+B D+D C \\ & =A B+B C . \end{aligned} $$ ![](https://cdn.mathpix.com/cropped/2024_06_05_fcce00877a1c83df80a0g-2.jpg?height=447&width=543&top_left_y=1687&top_left_x=937) Периметарот на триаголникот $A B E$ е еднаков на $$ A B+B E+A E=A B+B E+C E $$ Сега, од неравенството на триаголник применето на триаголникот $B C E$ добиваме $B C