# Сојузен натпревар 1990 ## Седмо одделение 1. Определи го најголемиот природен број таков што било кои две соседни цифри запишпани во истиот редослед формираат двоцифрен број делив со 23. Решение. Двоцифрени броеви деливи со 23 се 23, 46, 69 и 92 . Броеви кои го задоволуваат условот на задачата се: 23,46923 , 6923 и 923. Најголем од овие броеви е 46923. 2. Ако во еден трицифрен број делив со 7 двете негови последни цифри се еднакви, докажи дека збирот на цифрите на тој број е делив со 7 . Решение. Дадениот трицифрен број можеме да го запишеме во обликот $A=\overline{x y y}=100 x+10 y+y=7(14 x+y)+2(x+2 y)$, каде $x$ и $y$ се цифри. Ако 7 е делител на $A$, тогаш 7 е делител на $2(x+2 y)$ и како $\mathrm{NZD}(2,7)=1$ заклучуваме дека 7 е делител на $x+2 y=x+y+y$, т.е. на збирот на цифрите на бројот $A$. 3. За броевите $a, b, c, d$ важи $d>c, a+b=c+d, a+d0$, па затоа $c>a$. Конечно, $a