# MMO 2013 1. Во множеството прости броеви реши ја равенката $p^{2 q}+q^{2 p}=r$. Решение. Јасно, $r>2$, па затоа $r$ е непарен прост број. Според тоа, еден од броевите $p$ или $q$ е еднаков на 2 , а другиот е непарен број. Без губење на општоста можеме да земеме дека $q=2$ и $p=2 k+1, k \in \mathbb{N}$. Значи, за дадена равенка последователно добиваме $$ \begin{aligned} & p^{4}+4 \cdot 2^{4 k}=r \\ & p^{4}+4 \cdot 2^{4 k}+4 \cdot 2^{4 k} p^{2}-4 \cdot 2^{2 k} p^{2}=r \\ & \left(p^{2}+2 \cdot 2^{2 k}\right)^{2}-\left(2 \cdot 2^{k} p\right)^{2}=r \\ & \left(p^{2}+2 \cdot 2^{2 k}+2 \cdot 2^{k} p\right)\left(p^{2}+2 \cdot 2^{2 k}-2 \cdot 2^{k} p\right)=r \\ & \left(p^{2}+2 \cdot 2^{2 k}+2 \cdot 2^{k} p\right)\left(\left(p-2^{k}\right)^{2}+2^{2 k}\right)=r \end{aligned} $$ Во последното равенство важи $$ p^{2}+2 \cdot 2^{2 k}+2 \cdot 2^{k} p>1,\left(p-2^{k}\right)^{2}+2^{2 k}>1 $$ па затоа левата страна е сложен број, што противречи на тоа дека $r$ е прост број. Според тоа, дадената равенка нема решение о множеството прости броеви. 2. Вкупно $2^{n}$ монети се распоредени на неколку деца. Ако при распределбата на монетите некое од децата има барем половина од монетите, тогаш тоа дете на секое од преостанатите деца му дава онолку монети колку што детето веќе има. Во случај кога сите монети се кај едно дете нема прераспределба на монетите, а ако две деца имаат по половина од монетите, тогаш едното од нив му ги дава сите монети на другото. Определи го најголемиот можен број последователни прераспределби на монетите. (На пример, ако 32 монети на 6 деца првично се распоредени: $17,2,9,1,2,1$, тогаш по првата прераспределба децата ќе имаат $2,4,18$, $2,4,2$ монети, а по втората прераспределба децата ќе имаат $4,8,4,4,8$, 4 монети, па значи имаме само две прераспрелби.) Решение. Прво ќе дадеме пример кога имаме $n$ последователни прераспределби. Нека дадените $2^{n}$ монети се распоредени ка 3 деца и тоа $$ 1,2^{n-1}+2^{n-2}+\ldots+2,1 $$ Последователните $n$ прераспределби ќе бидат: $$ 2^{1}, 2^{n-1}+2^{n-2}+\ldots+2^{2}, 2^{1} $$ $$ \begin{aligned} & 2^{n-2}, 2^{n-1}, 2^{n-2} \\ & 2^{n-1}, 0,2^{n-1} \\ & 0,0,2^{n} \end{aligned} $$ $$ 2^{2}, 2^{n-1}+2^{n-2}+\ldots+2^{3}, 2^{2} $$ Нека претпоставиме дека постои почетна распределба за која се можни барем $n+1$ прераспределба. Јасно, по секоја прераспределба бројот на монетите кај секое дете е парен број. Имено, кај децата кои добиваат монети бројот се удвојува, а кај детето кое дава монети бројот на монетите е разлика на бројот $2^{n}$ и збир на парни броеви, па значи е парен број. Тоа значи дека по $k$-тата прераспределба бројот на монетите кај секое дете е делив со $2^{k}$. Значи, по $n+1$ распределба бројот на монетите кај секое дете е делив со $2^{n+1}$, што не е можно бидејќи постои дете кое има ненулти број монети и тој број е помал или еднаков на $2^{n}$. 3. Даден е остроаголен триаголник $A B C$ таков што аголот во темето $C$ е најголем. Нека $E$ и $G$ се соодветно пресечните точки на висината повлечена од темето $A$ со опишаната кружница околу триаголникот $A B C$ и страната $B C$ и нека центарот $O$ на опишаната кружница околу триаголникот $A B C$ лежи на нормалата повлечена од темето $A$ на правата $B E$. Нека точките $M$ и $F$ се подножјата на нормалите повлечени од точката $E$ кон правите $A C$ и $A B$, соодветно. Докажи дека $$ P_{M F E}