# Сојузен натпревар 1981 ## Седмо одделение 1. Определи ја непозната цифра на единиците во бројот 401512* така што остатоците при делењето на овој број со 3 и со 5 ќе бидат еднакви. Решение. Непозната цифра може да биде 5, 6 или 7. Со делење на добиениот број со 3 и со 5 ќе се увериме дека во првиот случај тој број е делив и со 3 и со 5 , во вториот случај остатоците при делење со 3 и со 5 се 1 , а во третиот случај остатоците при делење со 3 и со 5 ce 2 . 2. Во ненаполнет сад се наоѓа 85 -процентен раствор на алкохол. Ако садот го дополниме до врвот со 21-процентен раствор на алкохол, смесата се измеша, одлееме онолку течност колку што сме долеале, па садот повторно го дополниме до врвот со 21-процентен раствор на алкохол, ќе добиеме раствор кој содржи $70 \%$ алкохол. Колкав дел од садот бил наполнет пред првото долевање? Решение. Со $x$ да го означиме делот од садот кој на почетокот бил наполнет со 85 -процентен раствор на алкохол. Бројот на стоти делови алкохол во тој момент во садот е $85 x$. Ненаполнетиот дел од садот е $1-x$. Со првото долевање на 21-процентен раствор на алкохол количеството алкохол се зголемува за $21(1-x)$ и изнесува вкупно $85 x+21(1-x)=21+64 x$. Со одлевање на делот $1-x$ од течноста, количеството алкохол ќе се намали за $(1-x)(21+64 x)$. Со второто долевање на 21-процентен раствор на алкохол повторно сме го зголемиле количеството алкохол за 21(1-x). Добиениот раствор содржи 70 стоти делови на алкохол. Според тоа, $$ 21+64 x-(1-x)(21+64 x)+21(1-x)=70 $$ Со средување на последната равенка добиваме $64 x^{2}=49$, од каде наоѓаме $x=\frac{7}{8}$. Според тоа, на почетокот биле наполнети $\frac{7}{8}$ од садот. 3. Според најновиот попис на населението, во 5990 населби во СР Словенија живеат 1883764 жители. Докажи дека постојат барем две населени места со еднаков број жители. Решение. Ако сите населени места имаат различен број на жители, тогаш вкупниот број на жители би бил најмалку: $$ \begin{aligned} 1+2+3+4+\ldots+5990 & =(1+5990)+(2+5990)+\ldots+(2995+2996) \\ & =\frac{5990.5991}{2}=17943045 \end{aligned} $$ Значи, ако сите населени места во Словенија имаат различен број жители, тогаш цела Словенија треба да има најмалку 17953045 жители, што повеќе од 20 пати поголем број од вистинскиот број на жителите на Словенија. Оттука заклучуваме дека постојат барем две населби со еднаков број на жители. 4. Во триаголникот $A B C$ важи $\frac{h_{a} h_{b}}{h_{c}}=c$, каде $h_{a}, h_{b}, h_{c}$ се должините на висините, а с е должината на една страна на триаголникот. Определи го едниот од аглите на овој триаголник. Решение. Од даденото равенство следува равенството $h_{a} h_{b}=c h_{c}$, односно $\frac{h_{a} h_{b}}{2}=\frac{c h_{c}}{2}$. Но, $\frac{c h_{c}}{2}=P$, каде $P$ е плоштината на триаголникот. Според тоа, $\frac{h_{a} h_{b}}{2}=P$ и како $\frac{a h_{a}}{2}=P$ и $\frac{b h_{b}}{2}=P$, добиваме $\frac{h_{a} h_{b}}{2}=\frac{a h_{a}}{2}$ и $\frac{h_{a} h_{b}}{2}=\frac{b h_{b}}{2}$, па затоа $a=h_{b}$ и $b=h_{a}$. Значи, страните $a$ и $b$ се висини една на друга, па затоа триаголникот е правоаголен со прав агол зафатен со страните $a$ и $b$. 5. Нека $A, B, C$ се точки од рамнината такви што за секоја точка $M$ од таа рамнина е исполнет барем еден од следниве два услови: 1) $d(A, M)