# Сојузен натпревар 1960 ## III година 1. Основата на квадар со висина 5 е правоаголник со периметар 4. a) Определи ги должините на рабовите на основата така што квадарот ќе има максимален волумен. б) Изрази го волуменот на квадарот во функција на еден основен раб. Определи го доменот на оваа фнкција. в) Нацртај го графикот на функцијата добиена под б). Нека е даден еден основен раб $a=2$ и висина $h=5$ на квадарот. Како сега зависи волуменот од периметарот на основата? Кои се допуштените вредности за овој волумен? Прикажи ја соодветната функција графички. Решение. Нека основните рабови на квадарот се $a$ и $b$. Тогаш $a+b=2$, па за волуменот на квадарот добиваме $$ V=5 a b=5 a(2-a)=10-5 a^{2} $$ каде $04$ ж. Графикот на оваа функција е прикажан на цртежот лево. 2. Определи го работ на коцката која е впишана во правилна тристрана пирамида со раб на основата $a$ и висина $v$, така што четирите темиња припаѓаат на основата, а другите четири на бочните sидови на пирамидата. Решение. Нека $x$ е работ на коцката за која се исполнети условите на задачата и $\alpha$ е рамнината во која лежи горната основа на коцката, т.е. рамнината која ги содржи четирите темиња на коцката кои припаѓаат на бочните sидови на коцката. Со $A, B, C$ да ги означиме пресечните точки на рамнината $\alpha$ со бочните sидови на пирамидата и ![](https://cdn.mathpix.com/cropped/2024_06_05_c53e313ed51c88c0c5c5g-1.jpg?height=260&width=310&top_left_y=1687&top_left_x=1172) нека $b=A B$. Тогаш $$ v:(v-x)=a: b \text { и } \frac{(b-x) \sqrt{3}}{2}=x $$ Ако од овие две равенства го елиминираме $b$ добиваме $$ x=\frac{\sqrt{3} a v}{\sqrt{3} a+(2+\sqrt{3}) v} $$ 3. Реши ја неравенката $$ \log _{\frac{1}{2}}\left(x^{2}-4 x+3\right)>-3 $$ Решение. Даденото неравенство е исполнето ако и само ако $$ 03$, а на десната е $-1