Сојузен натпревар 1966
III година
- Определи четирицифрен број кој е квадрат на природен број и кај кој првите две цифри и последните две цифри се еднакви.
Решение. Од условот на задачата следува
што значи дека $100 a+b=11 l^{2}, l \in \mathbb{Z}$, каде $a, b \in{1,2, \ldots, 9}$. Со непосредна поверка се добива дека единствена можност е $l=8, a=7, b=4$.
Навистина $88^{2}=7744$.
- Докажи дека волумените на тетраедрите кои имаат еден заеднички триедар се однесуваат како производите на нивните рабови кои минуваат низ темето на заедничкиот триедар.
Решение. Нека се $S A B C$ и $S A_{1} B_{1} C_{1}$ тетраедрите за кои се исполнети условите на задачата и нека $\gamma=\measuredangle B S C=\measuredangle B_{1} S C_{1}$, а $\varphi$ е аголот меѓу правата $S A$ и рамнината $B S C$ (цртеж десно). Висините на тетраедрите $S A B C$ и $S A_{1} B_{1} C_{1}$ од темињаsа $A$ и $A_{1}$ соодветно се еднакви на $S A \sin \varphi$ и $S A_{1} \sin \varphi$. Волумените на овие тетра-
па оттука следува
- Определи ги сите вредности $x$ кои припаѓаат на интервалот $[0,2 \pi]$ за кои е точно неравенството
Решение. Дадената неравенка е еквивалентна на неравенката
Со $y_{1}, y_{2}\left(y_{1}<y_{2}\right)$ да ги означиме решенијата на квадратната равенка
Лесно се проверува дека за нив важи $0<y_{1}<1<y_{2}$. Ако се земе предвид дека $0 \leq \sin ^{2} x \leq 1$, добиваме дека дадената неравенка е задоволена за $0 \leq \sin ^{2} x<y_{1}$, односно за $|\sin x|<\sqrt{y_{1}}$. Според тоа, вредностите $x \in[0,2 \pi]$ кои ја задоволуваат неравенката се:
4. Реши го системот равенки
каде $a, b, c$ се реални параметри такви што $a \neq b \neq c \neq a$.
Решение. При дадените услови системот има единствено решение
- Кружниците K' и K" надворешно се допираат, а нивната надворешна заедничка тангента ги допира во точките $A_{1}$ и $A_{2}$. Нека $C_{1}$ и $C_{2}$ се соодветно центрите на $K^{\prime}$ и $K^{\prime \prime}$ и нека $E$ е пресек на заедничката надворешна и заедничката внатрешна тангента на овие кружници.
a) Докажи дека триаголникот $C_{1} E C_{2}$ е правоаголен.
б) Ако кружниците $K^{\prime}$ и $K^{\prime \prime}$ и отсечката $A_{1} A_{2}$ ротираат околу правата $C_{1} C_{2}$, тогаш отсечката $A_{1} A_{2}$ опишува омотач на потсечен конус, а кружниците $K^{\prime}$ и K" опишуваат сфери. Определи ја плоштината $M$ на потсечениот конус.
в) Ако радиусите $r_{1}$ и $r_{2}$ на добиените сфери се променливи, а нивниот збир $r_{1}+r_{2}=a$ е константен,определи ја максималната можна вредност на плоштината $M$.
Решение. а) Со $B$ да ја означиме допирната точка на двете кружници и со $D$ средината на отсечката $C_{1} C_{2}$ (види цртеж). Отсечките $E A_{1}, E B, E A_{2}$ се еднакви меѓу себе и нивната должина да ја означиме со $x$. Отсечката $E D$ е средна отсечка на трапезот $A_{1} C_{1} C_{2} A_{2}$, па затоа е еднаква на полузбирот на основите
Затоа точката $E$ припаѓа на кружницата над дијаметар $C_{1} C_{2}$, па $\measuredangle C_{1} E C_{2}$ е прав.
б) Со $F_{1}$ и $F_{2}$ да ги означиме центрите на основите на добиениот потсечен конус, а со $R_{1}$ и $R_{2}$ нивните радиуси. Во трапезот $F_{1} F_{2} A_{2} A_{1}$ отсечката $E B$ е средна линија, па затоа $R_{1}+R_{2}=2 x$. Плоштината на омотачот на конусот е
Од сличноста на триаголниците $E B C_{1}$ и $C_{2} B E$ следува $r_{1} r_{2}=x^{2}$, па затоа $M=4 \pi r_{1} r_{2}$
в) Бидејќи
и равенство важи ако и само ако $r_{1}=r_{2}$, па бараната максимална вредност е $\pi a^{2}$ и се добива кога потсечениот конус преминува во цилиндар.
IV година
- Ако $x_{1}, x_{2}, x_{3}$ се решенија на равенката $x^{3}-1=0$, докажи дека за секој природен број $n$ е исполнето равенството
Решение. Имаме
Оттука директно следува бараното равенство.
- Дадени се по три црни топчиња нумерирани со броевите 1 и 2 и по 6 бели топчиња нумерирани со броевите 1,2 и 3. На колку начини може да наредат во низа девет топчиња, така што меѓу нив има 3 црни и 6 бели топчиња?
Решение. Бараниот број е еднаков на $\binom{9}{3} 2^{3} 3^{6}=489888$, бидејќи еместа на кои ќе се наоѓаат црните топчиња мпоже да се изберат на $\binom{9}{3}$ начини, потоа на секое од тие три места можеме црното топче да го ставиме на два начини, а на секое од преостанатите 6 места бело топше можеме да ставиме на 3 начини.
- Докажи дека дропката $\frac{3 n+1}{2 n^{2}+n}$, каде $n$ е природен број, не може да се скрати.
Решение. Трена да докажеме дека броевите $n$ и $3 n+1$ се заемно прости, а исто така и броевите $2 n+1$ и $3 n+1$. Имаме
- Нека $x_{1}$ е произволен реален број, а $x$ е таков реален број за кој важи $\left|x-x_{1}\right| \leq \frac{1}{100}$.
a) Докажи дека разликата на вредностите на функцијата $\sin x$ во точките $x$ и $x_{1}$ не е поголема од $\frac{1}{100}$.
б) Дали за функцијата $\sin x^{2}$ може да се определи интервал $\Delta=\left(x_{1}-\delta, x_{1}+\delta\right)$ така што
каде $\delta$ е конечен позитивен број кој не зависи од $x_{1}$ ?
Решение. а) Користејќи го познатото неравенство $|\sin t| \leq|t|, t \in \mathbb{R}$, добиваме
б) Одговорот е негативен. Имено, да земеме $x_{1}=\sqrt{n \pi}, n \in \mathbb{N}$. Бидејќи
за доволно големо $n$ ќе важи $\sqrt{\frac{\pi}{2}+n \pi}-\sqrt{n \pi}<\delta$, за било кој однапред зададен $\delta>0$. Значи, ако избереме $x=\sqrt{\frac{\pi}{2}+n \pi}$, ќе важи $x \in \Delta$ и

